Ем “копиљ“ ем “копук“

 

У Дебар маало кога јас бев сѐ уште “копиљ“ како што најчесто ни се обраќаа постарите (копиљ си до крајот на основно) ако нешто направев спротивно на маалскиот кодекс или одбиеш да тркнеш до трафика и да купиш цигари на парче за постарите се знаеше казната. Постарите (тоа беа оние од 16 години па нагоре) кои многу ефикасно го спроведуваа процесот на социјализација (воспитување) ќе ти опнеа две три чврги, ако гревот беше поголем добиваш и клоца у г’з и ќе ти речеа „мрш бе дома и да не те видиме барем два дена“. Фактички ова последното беше најтешка казна бидејќи нема играње на улица седиш дома, тогаш немаше компјутер и интернет, телевизија црно бела и тоа со еден канал и толку. И сега зошто овој “увод“ од пред педесетина години. Е па за ова што го направи Диме Спасов кој ете стана и министер, па со службена кола прави сообраќајки, и како од американските акциски филмови бега по населбата Карпош па кога ќе го види дека ќе го фатат ја остава придружничката и бега и се крие пред „цајканите“, луѓето од мојата генерација би рекле. Абе што те чуди од еден “копиљ“ кој во спротивно на сите норми од оние уличарски или маалски од мое време, па се до денешните современи стандарди на политичката култура догура до министерска фотелја. Ама тука не завршува сторијата. Наместо главниот од маалото, пардон во партијата, поточно во „фамилијата“ односно хазајинот (газда) да го собере и (фигуративно) да го направи “бумбар“ а потоа да му рече марш ти веќе не можеш да бидеш ниту портир во министерство, сега некои медиуми одеднаш најдоа оправдување за ваквото однесување на “копиљот“ министер. Имено Диме Спасов бегал од “клети Арнаути“ кој го бркале. Замислете го тоа истражувачко новинарство веднаш ги истражија и ги дознаа имињата на  “клетите Арнаути“. Дури најдоа и колку кривични пријави односно кривични дела имаат направено. Арно ама Диме Спасов на крајот избега фактички од полицајците кои го запреа оставајќи ја својата придружничка на “милост и немилост“ на полицајците од кои демек се уплашил. Абе пак да се вратам на мојот маалски речник и Дебармалски вредносен систем. Ај што е копиљ ама и голем копук бил ова министерчево. Ние во тоа време не бевме баш за еднакви можности што би рекла на пример Лиле, (е де знаете на кого мислам) ама за девојка ќутек ќе изедевме ама никогаш не сме бегале оставајќи ја сама. Како ќе заврши сторијата со Диме Спасов горе долу се знае. Односно историската фарса ни се повторува. Па така видовме како еден министер со службената картичка купува Сваровски гердани за своите колешки министерки па никому ништо. Па слушавме како со помош на Сваровски плус платени сеанси во некој салон за убавина се станува судија, па пак никому ништо. Понатаму гледаме како претседател на суд кој според надлежниот орган незаконски доградува уште два спрата од дозволеното, ама полиција и јавен обвинител (од кај Зврлевски) влегуваат во општината и го земаат предметот, па сга надлежната инспекција незнае што да прави. А од друга страна видовме како Катица не може со судски налог да влезе во МВР! Ех вакви и слични “марифетлуци“ пред се од власта ќе се нагледавме до 11 декември. А најновото соопштение од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ односно фамилијата е дека СДСМ нема програма па сега се фаќа за сообраќајка во која материјалната штета не е поголема од 150 евра. Уште да додадете дека лицето БЦ е криво за ова па да биде фарсата тамам. Алооо Шведска министерка си даде оставка затоа што со службена картичка платила такси со кој дошла на работа иако само по два дена ги вратила парите. Алооо Шведска министерка и тоа од овие простори (Босна) сеи даде оставка затоа што ја запрела полиција и во крвта имала алкохол навистина под дозволеното. Си претставувате можност кај нас полицаец на министер да му даде да дува??? Научна фантастика нели. Алооо пред дваесет години словенечкиот министер за одбрана “попи“ кривична пријава дека сам возел без шофер службен автомобил. Алооо мајстори се сеќавате зошто лидерот на ХДЗ Карамарко мораше да се оди. Убеден сум веќе од идната недела Диме Спасов ќе биде само уште еден пример кои ете само ја надополнува нашата фарсистичка историја. Прашањето е само до кога историјата ќе ни се повторува како фарса. А потоа? Е потоа следи голем бууууууууум кој е прв чекор кон историскиот отпад и заборав.

Тодор Пендаров

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com