ДВОГЛАВИОТ ОРЕЛ

Градскиот татко Коце кој патем знае се за палми, ете бил изненаден како и кој одобрил да се поставува ова спомен обележје и сега за ова бара документи демек градежната и уште незнам каква инспекција ќе го рушела. Аман ова го видовем на пример кога ете исто така без да се знае беше поставен споменикот на Цар Душан. Па потоа некои “мажишта“ од ДУИ, патем имаше и една елегантна дама меѓу нив демек се обидуваа да го срушат 

Во мај 1968 година во Скопје се одржува изборна конференција на Сојузот на Студентите на Југославија. Е па сега многу ќе прашате што има тоа врска со насловот. Е па има пленарната седница верувале или не се води на пет јазици Словенечки, Српско-хрватски односно Хрватскосрпски и Македонски јазик како службени јазици на некогашната ни држава и на Унгарски и Албански јазик како равноправни јазици. ( Ако мене не ми верувате проверете во секоја библиотека ги има изданијата на Нова Македонија од тој период) Незнам дали се сеќавате дека додека живеевме во заедничка држава на пример на секој државен празник во СР Македонија се истакнуваа пет знамиња и тоа Југословенско државно, Mакедонскотo државно потоа партиското змаме на СК, и знаминјата на Албанската етничка заедница и на Турската. Зошто оваа далечна рероспектива. Од проста причина бидејки јас односно мојата генерација сепак изразнавме во една мултикултурна општествена заедница и држава и не ни сметаше албанското знаме јазик или култура. Не ни сметаше дека според уставот од 1974 година во општините каде што живее минимум дваесет проценти од другите етнички заедници нивниот јазик беше целосно рамноправен па така на седница на опшптина Тетово на пример со закон беше дозволено да се зборува на Албански јазик. И дојдовме до осамостојувањето и првиот наш Устав во кој најблаго речено беа стеснати правата на наште албански сограѓани. Одговрни за оваа политичка глупост ајде еднаш отворено да си признаеме бевме ние Македонците како мнозински народ бидејки еднаш стекнати права неможат само со гола мајоризација да се “стеснуваат“ . Како понатаму се развиваа меѓуетничките односи нема да потсетувам. Сега го имаме Рамковниот (Охридски) договор тука се уставмите амандмани кои произлегуваат од него и секако соодветни закони. Нешто веднаш да расчистиме. Човековите права и слободи па без разлика дали станува збор за индивидуални или колективни (читај етнички во нашиов пример) не се нешто статично туку се динамична категорија но сепак во одредена рамка а тоа е најчесто Уставот. Ама сега се поставува прашањето колку најновиот споменик поставен во Топанско поле кој го преставува Двоглав орел кој е на Албанското знаме влијае на остварувањето на етничките права на мојте Албански сограѓани, а колку е ефтин политикански потез на ДУИ секако играјки на националните чуства. На ова прашање нека си одговори секој сам. Тоа што во целата работа мене ми пречи се веќе видените фолклорни реакции на македонскиот дел од власта. Градскиот татко Коце кој патем знае се за палми, ете бил изненаден како и кој одобрил да се поставува ова спомен обележје и сега за ова бара документи демек градежната и уште незнам каква инспекција ќе го рушела. Аман ова го видовем на пример кога ете исто така без да се знае беше поставенспоменикот на Цар Душан. Па потоа некои “мажишта“ од ДУИ, патем имаше и една елегантна дама меѓу нив демек се обидуваа да го срушат па потоа демек полицијата го чуваше неколку дена и еве на мостот “Око“ сеуште стои Цар Дуашан. Искрено се надевам дека сега нема да се најде некоја будала кој ќе се обиде да го руши “Двоглавиот орел“. Изборите  се наскоро, ама Ахмети веќе нема да може да лови гласови на нашите национални чуства без разлика уште колку споменици и постави или отвори нови универзитети приватно ми искоментира еден мој пријател Албанец. Точно формално добивме нов универзитет кои ќе го носи името Мајка Тереза. Според, демек бившиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски станува збор за универзитет кои ќе биде тројазичен Албански Македонски и Англиски, а ректорот ќе бидел странец. Според министерот за обрзование Адеми на универзитетот ќе се предава на Албански а ќе се изучува Македонскиот јазик? Што ова значи мислам дека ни министерот незнае. Понатаму според она што го објави телевизијата АЛСАТ-М веќе е договорено ректор да биде господин Азис Положани, некогашен Министер за обрзование и наш амбасадор во УНЕСКО, а сега професор на Државниот Универзитет во Тетово. Тоа колку факултети ќе има тој нов Универитет од каде ќе се најде професори е тоа не е важно. Нормално ние Македонците да не останеме “покуси“ владата сака да отвори уште еден државен македонски универзитет во Скопје. Односно новиот Универзитете за нацинална одбрана безбедност и мир ќе го носи името Дамјан Груев. Засега донесувањето на законот и оди богами тешко. Имено опозицијата успева што би се рекло на моменти и на мускули законот да го блокира во Собраниската Комисија за образование. Штета, што според методологијата на Шнгајската листа (која е и те како омилена тема на актуелната влада) не се рангираат универзитетите според нивниот број пер капита ( по глава). Ние, нема да верувате според бројот на државни и приватни универзитети, потоа број на факултети како и според бројот на смерови на факултетите сме на врвот во светот. Ама како што вели погоре споменатиот мој пријател изборите се пред врата. Ајде вака да ги поставиме работите. Наместо два нови државни универзитети (колку тоа ќе не чини никој не кажува) ајде дел од тие пари да се дадат на веќе постојните државни универизитети за подобрување на квалитетот на образовниот процес. Другите пари да се употребат на пример за подготовки од идната учебна година во средините каде што минимум 20 проценти од населението припаѓаат на друга етничка заедница веќе од градинка да се воведе двојазичноста со тоа што до 4 одделение јазикот на помалата заедница да биде редовен предмет ама без оценка додека понатаму па до завршувањето на обавезото средно образование да биде редовен предмет со оценка. Знам дека сега македонските патриоти, од оние новинари па до оние нови членови на Комисијата за заштита од дикриминацијата сега ќе “ме рстргнат“ама верувајте ово на една дебата во некогашна СР МАкедонија во некогашниот младински дом 25 Мај го предложив и преживеав. И уште нешто вака е решено во Словенија со италијанското и унгарското малцинство уште во времето на СФРЈ и на никого не му сметаше. Мислам дека сеуште не е доцна сите заедно да сториме еден чекор напред Македонското општество вистински да стане мултикултурно а државата да остане унитарна. Утпија? Да ако не направиме ништо.
И сега многу ке се прашаат што сум запнал со ова а не со главниот проблем и прашањето ИЗБОРИ. Е па иако ова го постирам пред странците (Брисел и Вашингтон) да го објават извештајот за имплементација на догворот од Пржино јасно е дека тој ќе биде негативен. Понатаму иако до скоро верував и пишував дека нема да има избори на 24 април сега не сум многу сигурен во тоа, односно се повеке мислам дека на 24 фебруари ќе се распушти парламентoт и на 24 април ќе има избори. Нормано дека СДСМ нема да оди на изборите . Ако на тие избори оди и ДУИ и ДПА ќе се најдат сигурно и уште неколку македонски партии и така формално да имаме повеќепартиски избори. Странците на почеток можеби ќе “критикуваат“ ама потоа како и секогаш досега ќе ја прифатат фактичката состојба. Односно помеѓу двете парадигми, демократија или стабилност како и досега ќе се определат за стабилноста. Пота работие ќе се одвиваат многу едноставно во Уставниот суд ќе се активира преставката на Петров или некоја нова околу уставноста на Специјалното Јавно Обвинителство а што ке одлучи Уставниот суд не треба да се сомневаме. СДСМ вели дека под никакви услови нема да дозволи на 24 да има избори. Навистина незнам како тоа може да го стори освен на пример да ги “окупира сите избирачки места“ Е богам не сакам ниту да ислам како на ова ќе одговори ВМРО- ДПМНЕ. Дури на пример ако ВМРО-ДПМНЕ прифати изборите да се одложат за јуни веувајте ништо нема да се смени. И ние ќе сипродолжиме да живееме со парадигмата стабилност а демократијата се повеќе ќе ја забораваме. А за тоа верувајте виновни сме ние граѓаните кои дозволуваме парадигмата стабилност да ја истисне демократијата.

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com