Двете опции на Иванов се „да си оди или да замине“

 

Ете вака реагираше ДУИ на последното обраќање на актуелниот легален, ама за мене не легитимен претседател на државата Ѓорге Иванов. Персона која јас одамна го нарекувам „павлиха“ (словенечки израз што се преведува како дворски шут) Навистина овој човек одамна не заслужува да биде предмет на било каква посериозна анализа, ама за жал со своите постапки еве само да споменам периодот од аболицијата па до последното обраќање, речено се едноставен јазик само ја продлабочува општествената и институционалната криза. Според мојата дребност тоа што беше најстрашно во ова негово обраќање е фактот дека и тој како институција (претседател на државата) најгрубо го нападна Специјалното Јавно Обвинителство. Некој ќе рече дека Претседателот нема никакви законски и уставни надлежности врз СЈО. Точно, ама неговиот груб и манипулативен напад врз СЈО може и те како да ги „мотивира“ другите институции и поединци кои и досега го опструираат работењето на Специјалното Јавно Обвинителство и тимот на Катица Јанева. Како и да е Иванов со својот настап тропна уште една голема глупост која за жал може сите нас многу скапо да не чини. Ама ние сме  општество во кое глупостите на нашите политички елити гиглорифицираме како историски одлуки кои по правило ги забораваме веќе третиот ден (можеби заради фактот дека ни се случуваат како на фабричка трака), па затоа и редовно ги повторуваме. И во рамките на тие глупости е најновата одлука на водството на СДСМ со кое пратениците во Собранието го замрзнуваат своето работење како пратеници се додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста и законитоста на Специјалното Јавно Обвинителство. Факт е дека Уставниот суд веќе осум месеци во „ФИОКА“ ја чува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјалното јавно Обвинителство, што е секако уште еден доказ за нефункционирање на правната држава и за контролата на власта врз Уставниот суд и судската власт во целост. Односно за симбиозата „партија – држава“ која се гради веќе 25 години а овие актуелниве ја доведоа до она што се вика целосно партизирана држава а тоа значи авторитарно владеење, непочитување на правната држава и нефункционална демократија. Но дали Заев нешто научил дека во последниве десет години неговата партија повеќе пати излегува од Собранието ја замрзнува својата работа и цела редица слични глупости а ефектот е НУЛА. Дали Заев не научи досега дека странците на кои посебно опозицијата се повикува и чека тие нешто да направат нема да ја прифатат со симпатии ова „смрзната“ одлука на СДСМ.

Ете тоа е нашата реалност. А дека ние ништо не учиме од сопствената историја е фактот дека никој не се сеќава дека сето ова фатички започна на утрешната дата пред 25 години. Ниту нашите политички елити ниту нашите самопрогласените новинари демократи на чело со другарот Герониту оние од патриотскиот мештап на чело со онаа корпулентна дама ќе се сетат дека ред 25 години започна десолуцијата на СФРЈ со воени судири во Словенија помеѓу некогашната ЈНА и Територијалната одбрана на во Словенија. Сите тие кои во суштина ако го користам речникот на демократите би ги именувал како „чипирани идиоти“ односно како „црпнати“ според лексиката на патриотите во овие 25 години никогаш не се сетиле на овој историски настан кој е секако дел и од нашата историја. Дали некој се сеќава на водникот од прва класа Бојанче Сибиновски кој како копилот на хеликоптер од типот Газела управуван од пилотот инаку Словенец Тони Мрлак беа првите жртви срушени скоро во центарот на Љубљана. Дали нашиве (власта) се сеќаваат дека уште тогаш во Словенечката јавност се дигна голема прашина околу овој настан бидејки хеликоптеротбеше ненаоружан и носеше леб и друга храна за една помала касарна на периферијата на Љубљана, а имаше индиции дека пилотот бил во контакти со Територијалната Одбрана на Словенија за да преминат на нивна страна. За сето ова тогаш известував од Словенија како дописник на МРТВ. Дали нашата амбасада во Љубљана го известила нашето министерство дека сега по 25 години од овој настан пред судот во Љубљана сопругата на пилотот Мрлак поведе процес против тогашниот командант на бригадата МОРС Тоне Кркович кој издал наредба да се сруши хеликоптерот иако знаел кој е внатре и што пренесува. Интересен е фактот дека неодамна една од познатите словенечки новинари истражувачи Драга Поточњак ја претстави својата книга „Тајна наредба“ (Skrito povelje) која од повеќе аспекти го истражувала овој пример. Инаку многу учесници и офицери на Територијаната Одбрана на Словенија од тоа време јавно зборуваат дека рушењето на хелихоптерот во кои загинаа двајцата пилоти е црна дамка во војната за осамостојување на Словенија. И на крајот да прашам зарем копилотот на хеликоптерот БојанчеСибиновски не заслужува барем една улица кај нас на пример наместо Аминта трети да го носи неговото име. Ама одговорот само посебе се наметнува. Имено ако сите ние а посебно полтичкитеелити кои се сменија за овие години ја учеа и ја знаеа сопствената историја а не да се однесуваат како да историјата почнува со нив сигурно немаше да бидеме на ова дереџе. Немаше да ни се случи „дворски шут“ да ни биде претседател. Немаше да ни се случи криминална приватизација, па ТАТ и Октоподи па се до „фамилија“ која едноставно скоро си ја присвои целата држава. Немаше да ни се случува нашиот јужен сосед да не брани во Брисел дека Грција нема да дозволи да се воведат санкции ниту против државата ниту против поединци туку заедно со Брисел ќе помогне пред се на владата ама и на опозицијата со дијалог да ја решиме кризата а не со санкции. И во исто време нашиот јужен сосед истакнува дека токму недостатокот на дијалог и демократија се причините зошто не сме членка на НАТО и не започнале преговорите со ЕУ а не наметнатиот спор со името и блокадата од Грција. Ама ние и тоа го голтнавме, а нашиот  министер за надворешни работи инаку максимално слаткоречив ама кој од дипламатијата не верувам дека сигнал до “Д“ деновиве ни кажа и не утеши дека кризи има во сите држави во регионот а некои се и полоши од нас.  Навистина незнам каде да ја сместам оваа “диплматско државничка изјава, во колекцијата на “црпнати“ или да ја ставам во виртуелниот свет на чипираи идиоти?!

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com