ДАЛИ СО ДОАЃАЊЕТО НА ХОЈТ ЛИ РАБОТИТЕ НИ СТАНАА ПОЈАСНИ?

Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус

Секако посетата на високито дипломат од амеркинаскиот Стејт департмен Хојт Ји треба да се гледа и анализира исклучиво во спроведувањето на договорот од Пржино и тоа посебно на три сегменти. Прво целосно функционирање на Специјалното Јавно Обвнителство што значи без оние типични балкански фолклорни обструкции. Токму затоа и Зврлевски имааше “чест“ да се сретне и да разговара со господин Хојт Ји а многу јасно во својата изјава американскиот дипломат застана зад работата на СЈО и Катица Јанева. Патем да потсетам дека овој господин е помошник на позната госпоѓа Нулан која минатата година добро ги притисна нашиве четворица лидери околу Договорот од Пржино. Тоа е таа госпоѓа која ако се сеќавата во еден телефонски разговор (патем никој не спомена нелегално снимање лепење и креирање) за време на кризата во Украина Европската Уника ја отера во “мајчина“. А тоа значи дека и нејзините соработници меѓу кои е и гоподин Ји се исто како госпоѓа Нулан остри и работите не ги решават со некакви меки дипломатски методи. Но да се вратиме на неговата посета кај нас. Втор значаен акцент е Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус Понатаму Ји многу јасно ја потенцираше улогата на ДИК и пречистувањето на Избирачкиот список како услов за фер демократски и кредибилни избори. И уште нешто Хојт Ји мноу јасно ја спомена реформата во медиумите иако Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека ова е затворено прашање. А дека медиумите се предмет на преговори е фактот дека во Скопје повторно се врати “туристот“ Ванхауте и неговите мачки кои веднаш почнаа редовно твитаат. Што со други зборови може да се свати дека ЕУ ама и Вашингтон застанале зад Ванхауте и неговите “мачки“.


Некој ќе рече дека господин Ји многу лесно помина околу демонстациите во Бутел односно балканската националистичка тетарска престава околу лимениот двоглав орел и крстот. Мислам дека луѓето кој ја подготвувале неговата посета од американската амбасада а пред се Амбасадорот Бејли јасно му имаат предочено дека станува збор за веќе видена драмолетка режирано од лидерите и вечните партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Драмолетка која иако во овој момент нема подршка ниту кај Албанците ниту кај Македонците ама имајки ја во предвид бескрупулозноста на политичките елити од двете партии а и фактот дека за многу од нив станува збор за нивната кожа сето ова може да излезе од контрола. Можеби и затоа на крајот од својата изјава господин Ји јасно кажа дека верува неговата порака е јасно разбрана како од политичките партии така и од институциите, а тие (Вашингтон но и Брисел) одблизу ќе ги следат сите овие процеси со што ќе се обезбедат услови на 5 јуни да се одржат фер демократски и кредибилни избори.
И сега повторно дома се поставува прашањето дали на пети јуни ќе има избори или тие пак ќе се одложат. Опозицијата а посебно двоецот Заев – Шекеринска навистина не експлицитно туку што би се рекло меѓу редови како да најавуваат ново одлагање. Мислам дека тоа е погрешна стратегија. Реално гледано онаа енергија од граѓаните која ја имаа во мај минатата година не успеаа да ја искористат во една перманетна општествена мобилизација за промени. Таа позитивна енергија која спласна сега повторно како да се враќа со фактот дека ДУИ и БМРО=ДПМНЕ мораа да го проголтаат горчливиот залак и самите да побараа и да гласаат за одлагање на изборите. Само малку подетално анализирајте го интервјуто на госпоѓа Шекеринска во емисијата на Телма па се наслутува дека СДСМ многу повеќе размислува за одлагање отколку за вистинска мобилизација на избирачите. Едно да им биде јасно на СДСМ ако не го победат ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 5 јуни тоа нема да го сторат и ако изборите се одложат за 5 јули или наесен па дури да се одржат заедно со локалните идната година. Односно ако на 5 јуни СДСМ биде поразен мислам дека ќе доведе и до раскол или ако саката распаѓање на СДСМ. На крајот ништо трагично, тоа се случи во Словенија денеска тамошната СДСМ е маргинална парламентарна партија, но затоа во парламентот влезе нова левица која патем израсна од повеке невладини организации. Во Србија социјалистите на Дачич успешно се шлепаат со победниците веќе неколку мандатни периоди, но имаат негативен тренд, бугарското СЕ-ДЕ-СЕ скоро да го нема и така натаму
Во ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат свесни дека и да победат на изборите на пети јуни некои просеци нема да можат да запрат. Реално гледано сегашното водство на партијата на чело со Груевски политички се веќе најблаго речено истрошени и што побргу си заминат толку подобро за партијата. Една од најголемите грешки на Груевски ( не мислам тука на содржиите од бомбите бидејки сум за строго за почитување на пресумцијата на невиност) е фактот што тој од партијата се обидува да направи некакво семакедонско движење на чие чело ќе биде тој. Идеи кои реално гледано завршија со распадот на колонијализмот додека во Европа завршија со смрта на Сталин. Да не споменувам дека најчесто таков вид на партии-движења секогаш раѓаат автократско владеење За жал на Балканот бидејки ние сите ништо не учиме од својата историја таква партија движење направи Туѓман и ХДЗ во негово време имаше над 450 илјади членови. Слично нешто имаше и Милошевиќ, сетете се на првата влада на Бериша и така натаму. Тоа што навистина барем мене личо ме изненадува но и ме прави тажен како е можно во оваа косталација на општетвени состојби и еден невиден антагонизам да неречам и омраза меќу политичките субјекти кај нас не се појавува нов политички субјект па макар тоа била коалиција од помалите партии. Сетете се само на позитивната улога на ДОС во Србија или пак на Совенечкиот ДЕМОС во далечната 1990 година го победи на избори Сојузот на Комунистите на Словенија. Или на Позитивна Словенија понатаму на сегашната владеачка партија на словенечкиот премиер Миро Церар, па на партијата МОСТ во Хрватска која иако беше трета по бројот на освоени места одлучи кој ќе биде премиер на новата Хрватска влада. Зошто ова кај нас не вирее на треба секој од нас сам да си даде одговор. Ама како утеха богами имаме цела болумента невладини организации кои од меки фотељи и топли хотелски сали ни држат предавања како владата нечини како партиите манипуираат со верските или националните чуства како медиумите се под контрола на власта. Аман ова го слушаме дваесет години Како и да е повторно работите ни ги средуваат странците ама како што велат тие нема бесплатен ручек..

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com