ДАЛИ БЕВМЕ СВЕДОЦИ НА НОВИНАРСКОТО ДНО??

од каде на „Ало началниче“ транскрипти од телефонските разговори и смс пораки. Или станува збор за нелегално прислушување или станува збор за таканаречените ПИМ мерки кои ете по втор пат на „телевизијата која прва дознава“ ги објавува со што овие ПИМ мерки веќе не можат да се користат во судскиот процес.

После она што се случи во средата да сум јас на местото на газдата на Сител фигуративно речено на клоци би го избркал одговорниот уредник Латас познат и како „Ало началниче“. Да сме ние барем малку правна држава сега „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ односно некогашниот Совет за радио дифузија која на седница го осудила цитирам „непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ-Латас при гостувањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев, во вестите на оваа телевизија во среда вечер.“ Тамам ама за кршење на сите можни професионални стандарди плус јазик на етничка омраза и стереотипи „лажеш како Турчин“ Агенцијата освен ова соопштение нема да преземе ништо друго ниту против „Ало началниче“ ниту против телевизијата Сител Во секоја правна држава веќе денеска Јавниотобвинител од она Јавно обвинителство кое што би рекол Зврлевски е вистинско според Уставот би отпочнал предистражна постапка прво за изјавата „лажеш како Турчин“ што е јазик на омраза а богами некој да објасни од каде на господинот „Ало началниче“ податоци колку пати Заев разговарал со Чауш (аферата со фалсификат на лични карти) со неговата сопруга и така натаму. Еве ајде да прифатиме дека има докази за вклученоста на Заев во оваа афера ама од каде на „Ало началниче“ транскрипти од телефонските разговори и смс пораки. Или станува збор за нелегално прислушување или станува збор за таканаречените ПИМ мерки кои ете по втор пат на „телевизијата која прва дознава“ ги објавува со што овие ПИМ мерки веќе не можат да се користат во судскиот процес. Сетете се на видеото Заев – Груевски снимено како ПИМ мерка во премиерскиот кабинет. Понатаму во секоја нормална држава политички лидер на партија која е на власт како што е Никола Груевски ама и како до вчерашен премиер а сега премиер би се рекло во сенка јавно ќе се огради од сето она што го видовме во споменатото интервју. Понатаму како лидер на партијата на власт ќе се извинам на Турскиот народ, а посебно на нашите сограѓани Турци. Ова е уте повеќе потребно да го стори премиерот имајќи во предвид дека Амбасадата на Турција не го прифаќа извинувањето од Латас. Ех каде се оние „убави“ времиња кога нашиот ни претседател јавно велеше дека нашето срце бие за Турција и за Ердоган.

Ајде да погледнеме уште една димензија од ова „историско срамно интервју“ кое за жал на целата новинарска фела во Македонија и на сите македонски медиуми им нанесе немерлива штета. Имено веќе во првите реакции на амбасадорите на САД и на ЕУ Бејли и Ораф преку нивнитетвитер профили цинично но јасно кажаа како ја гледааат на македонската медиумска реалност. Понатаму господин Латас или подобрро речено „Ало началниче“ неколку пати во интервјуто обвини дека странски дипломати го штитат Заев да не биде затворен бидејки бил „криминалец“. И повторно се покажува дека нашите институции не функционираат. Имено на оваа изјава мораше да реагира министерот за надворешни работи. Имено ако не е точна изјавата на Латас дека странски дипломати го штитат „криминалецот“ Заев тогаш министерот мора остро да протестира до телевизијата и да се извини на странските медиуми. Вака бидејки Министерот Поповски молчи испаѓа дека Латас е во право и дека кај нас странски дипломати ете штитат „криминалци“, а тоа значи дека сстрански дипломати ни се мешаат во внатрешните работи и тоа директно во правосудството.

И замислете новоформираната Комисија за заштита од дискриминација исто така нема ништо дапреземе бидејки според новиот прв човек на Комисијата тоа што го сторил Латас било само гаф. Браво на самиот почетокк покажавте господине Даштевски дека од вас како Комисија и членови нема што да очекуваме освен поттикнување на вистинска дискриминација.

И што сега. За жал после ова што се случи во средата на Сител Телевизија покажува дека Ван Хауте бил во право кога во лице ни плесна дека ние н еможеме да имаме закон за медиуми по европски терк бидејки сме далеку од европската политичка култура и далеку од европските принципи и стандарди кога станува збор за новинарската професија и медиумите.

За жал се плашам дека и овој „гаф“ што би рекле овие од „Комисијата за дискриминација“ (не е грешка тука навистина така мислам за оваа институција) се ќе заврши според онаа народната „секое чудо за три дена“. Трагична е реалноста дека вакви и слични „гафаови“ ни се случуваат редовно а ние поточно оние кои не водат никако да се научат да не ги повторуваат „гафовите“, а ние во сите погледи тонеме.

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com