ГДЕ СУ ПАРЕ?

Точно, каде се парите е прашање што би рекле америте за “милион долари“ и последнава недела станува се поактуелно. А започна во Собранието на седница на Комисијата за Политички систем на која Катица Јанева го претстави извештајот за едногодишното работење на СЈО кое таа го води. За циркусијдата која ја гледавме нема да зборувам ама Јанева иако одговори колку потрошила тоа прашање нонстоп се повторуваше, (нормално од власта) односно се сакаше да се создаде во јавноста перцепција дека Јанева без трунка совест и во спротивност на законот си ги дигнала платите што би се рекло до “небо“, дека троши без контрола дека се „луксузира“. А иако се тоа е од нашите џебови ете не е ниту транспарентна и неска да каже за што потрошила досега околу 28 проценти од буџетот. За настапот на Јанева во Собранието поточно во надлежната комисија веќе напишав дека нејзина најголема грешка да не речам „утка“ и беше изјавата со која го стави под сомнеж легитимитетот на Собранието! Ама околу прашањето “где су паре“  ајде сите да размислиме, ако Собранието па не само во овој мандата туку од самиот почеток, со ваква посветеност и таков пратенички “жар“ водеше сметка каде, како и кој или преку кого се трошат нашите пари убеден сум дека денеска немаше да имаме   Специјално Јавно Обвинителствопредмет, а со тоа предмет “Трезор“. Односно ако во овие 25 години политичките елити работеа на градење правна држава со функционални и независни институции (тука мислам на трите гранки на власта, извршна, законодавна и судска) не верувам дека денеска ќе имавме Специјално Јавно Обвинителство и сето она што се случува со него и околу него.

Да не бидам обвинет дека се обидувам со генерализирања одговорноста за ова да ја заташка еве по не знам кој пат повторувам дека за сегашната состојба во државата одговорноста ја сноси само власта Дека кај нас имаме класична партизирана држава многу добро се отсликува во однесувањето на Уставниот суд токму до СЈО. Имено веднаш по донесувањето на Законот за Специјалното Јавно Обвинителство “стручната јавност“ се подели. Едни тврдат дека законот е противуставен другите докажуваат дека Законот не е во спротивност на Уставот. Во меѓувреме до Уставниот “спонтано“ стигнаа две иницијативи за оценување на уставноста на Законот за СЈО. Да потсетам и на тоа дека тогаш Републичкиот Јавен Обвинител Марко Зврлевски во една ТВ емисија храбро изјави дека СЈО е незаконски и дека само Обвинителството кое тој го води е единственото легитимно и легално обвинителство! Од тогаш помина скоро една година ама Уставниот суд никако да закаже седница на која ќе се расправа по иницијативата за оценување на уставноста на законот за СЈО. Е па зарем ова не е доволен доказ дека Уставен едноставно работи на “даљинско“. А даљинското сите знаеме дека е кај власта.

Ама ајде да речеме дека ете политичките елити не сакаат правна држава од многу јасна причина. Лукративност која на пример во овие десет години толку станала „лакома“ што дури и бившиот министер за финансии и кумот на хазајинот во еден од незаконските и креирани и лепени разговори со друг министер(ка) вели. Ние сме лудаци немаме пари за леб а купуваме чоколада. Ама каде е тогаш невладиниот сектор кој за овие 25 години на своето делување потрошил неверојатни скоро 2 милијарди долари. Каде и како завршија овие пари уште една типична фолклорна мистерија во оваа наша „затуцана“ држава некаде на крајот на Западен Балкан

Ама колку да звучи чудно за некои пари еве се знае. На пример членот на ДИК госпоѓа Бонева на име на патни трошоци за само шест месеци „лапнала“ 12.000 евра на име патни трошоци, од државата секако. Во суштина Бонева напредува, имено како пратеник за една година имаше добиено по ист основ, (патни трошоци) 23.000 евра па така ако продолжи со досегашното темпо во ДИК за година дена ќе добие 24 илјади евра односно цела „цигла“ би рекле кај мене у Дебармало повеќе. И госпоѓа Бонева е во право се е според законот. И сега сакам да ви раскажам една вистинска сторија од Велика Британија, патем настанот е од оваа деценија. Пратеник од внатрешноста побарал парламентот да му ја надомести киријата за стан кој тој го изнајмил во Лондон. Бидејќи според законот и според Деловникот на парламентот тоа е дозволена пратеникот донел договор за изнајмување на стан и државата му ги вратиле парите. Но некој си „досаден“ државен службеник америте би рекле (pin in ass) открил дека станот бил на господин со кој споменатиот пратеник бил во сентиментална врска, која, повторно според законот, била регистрирана и како партнерски однос. Е ако живеете во станот на вашиот регистриран партнер и за тоа од државата земате надоместок за кирија правите кривично дело и завршувате во затвор плус да ги вратите парите кои сте ги „украле“ од државата. И тоа му се сучи на пратеникот од Британскиот парламент, „попи“ 18 месеци затвор и нормално државата му народи „врати паре“.

Секако било каква паралела со госпоѓа Бонева не може да се прави. Ова погоре сфатете го како една од многуте британски бизарност или како реклама за владеење на правото, нормално во Велика Британија. И кога веќе споменав рекламирање дали некои некогаш ќе утврди колку од нашите пари владата потроши за реклами и каде завршија односно во чии џебови. Или каде завршија парите од оние стотици анекси на договори за веќе добиени тендери. Или она најнова расфрлање со нашите пари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неформалниот хазајин на државата со наши пари да се расфрла и да субвенционира автомобили на електричен погон.

А ние како граѓани и понатаму како недоветни ќе се прашуваме „Где су паре“. Ама како што деновиве изјави госпоѓа Фатиме Фетаи од СЈО парите и вистината се како шило еден ден ќе излезат на видело. Со сиот почит до оваа дама ама пред неколку години нешто слично (само за вистината) го рече и Груевски. Арно ама ние уште чекаме таа вистина да излезе на видело?

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com