БРЕГЗИТ- што сега???

 

 

Мнозинството граѓани на Британија (навистина тесно мнозинство) вчера на референдум се изјаснија за напуштање на Европската Унија (Брекзит). Референдумот патем не е обврзувачки, ама имајќи  во предвид нивото на политичката култура во Велика Британија актуелната конзервативнавлада на Камерон но и која било друга влада ќе ја почитува волјата на мнозинството бидејки во спротивно тоа би значело политичко самоубиство за секој политичар или партија. Патем Камерун веќе си поднесе оставка.

Во Лисабонскиот договор кој ајде едноставно да речеме е оној темелен документ (Устав) врз кои денеска стои ЕУ, во членот 50 се зборува за можноста една држава членка да ја напушти Европската Унија Во суштина станува збор за еден вид правна рамка како во рок од две години да се излезе од ЕУ. Секако тоа се прави со договор помеѓу Брисел и конкретната земја во кој се наведени како условите за напуштање така и идните односи помеѓу Брисел и во овој случај Велика Британија. Договорот мора да го потврдат две третини од државите членки. Инаку во Бриселодлуката за брекзит е дочекана со големо разочарување но и како реалност. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц мислам дека прв реагираше и во својата изјава истакна „Го почитувам резултатот и сега се разјасни дека Велика Британија ќе продолжи по свој пат. Времето е такво да сите мораме да се однесуваме сериозно и одговорно. Давид Камерон има одговорност за својата држава, ние имаме одговорност за иднината на ЕУ. Само погледнете што денес се случува со фунтата на финансискиот пазар. Не сакам такво нешто да се случи со еврото“ вели првиот човек на Парламентот на ЕУ. И претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск во својата изјава излезот на Велика Британија го оценува како историски но драматичен настан. „За нас ЕУ претставувазаедничка рамка за нашата иднина и затоа решени сме да го зачуваме нашето единство. ЕУ е подготвена и на негативни сценарија кои можат да произлезат од излезот на Британија“ вели Туск и затоа предлага да веќе идната недела на состанокот на врвот на државите членки на ЕУ што беше закажан пред референдумот државите членки на ЕУ ама без присуство на премиерот на Велика Британија да имаат неформален состанок на кој ќе се расправа како понатаму ќе се оди.

Ако малку подетално се погледа историскиот развој на ЕУ Британија не е прва држава која ја напушта заедницата. Имено во 1985 година Гренланд се решава да излезе од тогашната Европска Економска Заедница (ЕЕЗ), но сега работите се многу покомплицирани. Секако на вакви драматични одлуки први реагираат финсиските пазари. Фунтата денеска изгуби скоро осмпроценти од својата вредност во однос до другите валути. Само на Лондонската берза заради паѓањето на берзанскиот индекс денеска „испарија“ околу 147 милијарди фунти!!. Берзанскитеиндекси денеска паѓаат и на другите европски берзи. Инаку според британските пресметки се претпоставува дека Бруто Домашниот Производ до 2030 година да падне за околу 6,5 проценти. Секако преговорите кои ќе траат минимум две години а можат да се завлечат дури и седум години што отвара цел куп прашања. На пример во Велика Британија во моментов работат околу 2,1 милион луѓе граѓани на другите држави членки на ЕУ. Станува збор пред се за високо квалифицирани кадри кои недостасуваат во Британија. Нај драстичен е примерот во јавното здравство каде скоро 26 проценти од лекарите се странци додека околу 14 проценти од другиотздравствен персонал исто така се странци. Зошто ова го наведувам? Затоа што лидерот на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, во кампањата за Брегзит како главен аргумент му беа огромниот прилив на миганити токму од државите членки на ЕУ. Инаку Фраж ваквата определба на британските граѓани е добра и за Европа и изјави „дека сега ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат“ – порачаува овој типичен Англиски националист. Нормално ваквиот резултата во Европа беше поздравен од холандскиот националист Герт Вилдерс кој најави дека и во Холандија треба да се организира таков референдум. Позната Мари ла Пен лидер на францускта партија Национален фронт крајно десничарска и нацоналистичка партија го поздрави илегувањето на Британија а слиќни се и ставовите на лидеорт на италијанската Северна лига Матео Салвини познат по својот екстремен евроскептицизам. Но од друга страна на пример лидерот на Шкотската националистичка партија најави дек а сега Шкотланѓаните имаат можност во рок од две години повторно да одат на референдум за осамостојување. Патем во Шкотска граѓаните гласаа за останување во ЕУ. Слични ставови и погледи имаат и во Северна Ирска и ваквиот исход од референдумот го гледаат како можност за отцепување од Велика Британија и соединување со република Ирска.

Секако во овој момент клучно е  прашањето како и во кој правец ќе течат преговорите помеѓу Лондон и Брисел околу идниот статус на Велика Британија ви за ви ЕУ. Можни се неколку сценарија. На пример Велика Британија да стане членка на ЕФТА (Исланд Норвешка Лихтенштајн). Понатаму можно е Велика Британија и ЕУ да се договорат како што е договоротпомеѓу ЕУ и Швајцарија. Патем станува збор за над двесетина таканаречени темелни билатералнидооговори плус околу стотина помали билатерални договори. Можено решение е само таканаречена царинска унија нешто слично има Турција. Во секој случај по одлукта на граѓаните на Велика Британија започнува да се пишува нова страница во европската историја, која во моментов има многу непознаници многу дилеми па ако сакате и одредена доза на страв од некаков домино ефект. Но сите овие сценарија имаат многу повеќе негативни последици за Велика Британија.

И каде сме ние во оваа новонастаната состојба односно во пишувањето на нова страна од европската историја. Нашиве “патриоти“ како новинари и медиуми така и „невладини“ ала ГДОМ, богами од радост се подмочкаа во гаќи би рекле кај мене во Дебармаало. Оној господин Пандев кој пред судот храбро тропна глупост, дека ако судиите не судат како што треба односно според аршинот на владејачката елита тие се спремни да влезат во судот сега истресе уште една „зелена“. Дека е крајно време е и кај нас да се размисли за референдум дали е потребно и понатаму да водиме преговори со ЕУ за наше членство. Патем овој фактички ја повтори изјавата на Ердоган, за кој оној наш  претседател павлиха (дворски шут) не така неодамна изјави дека нашите срца бијат за Ердоган. Навистина овој ГДОМЕЦ „патриот“ ги поминува границите и на чипираните идиоти и на оние црпнатите. Ама тоа е кога иако си по образование историчар и ништо не си научил од историјата.

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com